Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР ДОЗНАВА: Денеска во 18 часот нова средба меѓу Филипче и директрите на приватните клиники - ќе има ли договор

ФАКТОР ДОЗНАВА: Денеска во 18 часот нова средба меѓу Филипче и директрите на приватните клиники - ќе има ли договор

Директорите на неколкуте приватни клиники во земјава денеска на нов состанок кај министерот за здравство Венко Филипче. 

Состанокот, според сознанијата на Фактор, ќе почне во 18 часот.

Како што е познато, средба меѓу сопствениците на приватните клиники имаше и во петокот, а на неа се разгледуваше начинот на кој овие болници би можеле да му помогнат на јавното здравство во третманот на бројните пациенти заболени од ковид 19. 

Како што веќе пишуваше Фактор, министерот за здравство, Венко Филипче, во петокот попладнето имаше работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“. 

Разговорите, како што тогаш наведе Министерството за здравство, биле конструктивни, а приватните болници имале позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од државата за справување со пандемијата.

„Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравствени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела“, информираа од Министерството за здравство. 

Дотогаш на формализирање на соработката работот тимовите од Министерството за здравство и приватните болници.

Потоа излезе информација дека една од опциите била и стариот објект на Систина, „Мала Богородица“ да се стави во функција. Таму има 100 кревети и би работеле тимови од приватните болници.

Орце Камчев изјави дека тоа е една од идеите и дека до недела треба да донесат конечна одлука. 

Инаку, Трите најголеми приватни болници – Аџибадем Систина, Клиника Жан Митрев и Ремедика се подготвени да му помогнат на јавното здравсто со ковид пандемијата, откако со прогласување на кризна состојба државата ќе менаџира со овие установи.  

Слично

Поврзани вести