Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР БРИФ: Претседател- Влада, затоплување или статус кво

ФАКТОР БРИФ: Претседател- Влада, затоплување или статус кво

Затоплување или статус кво во односите меѓу претседателот Иванов и актуелната власт. Одговорот се очекува од содржината на последниот предновогодишен говор што Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска ќе го оддржи од собраниската говорница пред истекот на неговиот втор мандат по кој ќе нема право да се кандидира по трет пат на следните избори во мај.

Во последно време има знаци дека Иванов ги затоплува односите со власта по потпишувањето на указот на Законот за амнестија и пријателскиот поздрав со премиерот Зоран Заев неодамна на концертна вечер.

А, дополнителен поттик за подобрување на односите на релација Претседател- Влада даваат последните одлуки со кои се амнестираат или им се заменува мерката затворски со домашен притвор на некои од учесниците во настаните од 27 април, како и на клучните обвинети во случајот „Империја“. Така, амнестија веќе добија 12 лица, меѓу кои и пратеници, а по речиси два месеци поминати зад решетки, бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, вчера  излегоа од истражниот затвор „Скопје“ во куќен притвор. Денеска се очекува да биде донесена одлука и за притворот на Сашо Мијалков.

А од Истокот доаѓаат лоши вести. Голем број Македонци може да останат без бугарскиот пасош, за кои платиле и по 1.000 евра. Бугарските медиуми пишуваат дека почнува одземањето на нелегално стекнати пасоши. Останува да видиме колкумина Македонц ќе останат без бугарскиот пасош во џеб.

Во делот на економијата, повторно лоши вести. Форбс не рангира на листата за водење бизнис на последно место во регионот. Во светски рамки, се најдовме на 68 место. При утврдувањето на листата споредувани се 15 фактори меѓу кои се имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, квалитет на живот, работна сила, големина на пазарот.

Единствена вест која не стопли во овие зимски денови е најавата дека идната година ќе се грееме на поевтино парно. Регулаторната комисија за енергетика испраќа сериозен сигнал со падот на цената на природниот гас.  Според најавите на првиот човек на регулаторното тело ќе паѓа цената на парното, а природниот гас ќе бележи пад на цената за дури 12 отсто.


Слично

Поврзани вести