Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР БРИФ: Ќе не биде ли со консензуален претседател?

ФАКТОР БРИФ:  Ќе не биде ли со консензуален претседател?

Денеска е Божик ден кога по Грегоријанскиот календар, Христијаните го слават раѓањето на Исус Христос.

За време на традиционалната миса за Бадник во базиликата Свети Петар во Ватикан, папата Францис им порача на верниците да го заборават материјализмот и алчноста и да се фокусираат на едноставноста, љубовта и милоста на празниците.

Годината е пред крај, а светот ги сумира впечатоците од 2018 година. Во време на сериозни политички предизвици, природните катастрофи секојдневно потсетуваат дека идни приоритети мора да бидат обидите да се заштити на земјата.

Директорот на индинезиската агенција за природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, изјави дека билансот на жртви од ударот на цунамито, во саботата вечерта, се искачи на 420 лица, а 128 се водат за исчезнати. Повеќе од 1.400 луѓе се повредени, а неколку илјади останаа без своите домови, пренесе АП.Вулканот Анак Кракатау во Индонезија и понатаму е активен, а за жителите на околното подрачје издадено е предупредување за ново цунами.

На македонско тло, челичарниците го добија ударот од кој стравуваа. Европската комисија пратила формална нота според која се воведуваат квоти за извоз на челик и алуминиум од Македонија, поради ограничувањат акои ЕУ ги има од САД. Додека компаниите тврдат дека ова за нив ќе значи клуч на врата, надлежните уверуваат дека ова нема да е удар за македонската економија.

Фактор дознава дека Македонија е една од можните локации за изградба на фабриката која германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ планира да ја гради на Балканот. Во неа треба да се вработат околу 5.000 луѓе, а ќе се произведуваат моделите „шкода карок“ и „сеат атека“ кои ќе бидат префрлени од преоптоварените погони во Чешка.

Владата нема да превземе мерки за загадувањето, барем не засега. Денеска процентите на ПМ 10 честички во воздухот се помали па тоа им оди во прилог на надлежните кои не покажаа значаен успех во борбата со загадениот воздух.

Следната година е изборна – а судејќи според најавите можен е и консензуелаен претседател. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека што поголем консензус околу кандидатот или кандидатката за претседател има, тоа подобро.

„Низ концептот „Едно општество за сите“ што го градиме се покажа дека грѓаните не сакаат поделби, коишто поттикнуваат нестабилност и несигурност. Верувам дека сите политички субјекти или поединци и групи, ќе го имаат предвид ова, при објавувањето на кандидатурите, смета Спасовски.


Слично

Поврзани вести