Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор анкета: Мнозинството ги поддржува рестрикциите на Владата за Велигден

Фактор анкета: Мнозинството ги поддржува рестрикциите на Владата за Велигден

Само 16 отсто од граѓаните кои гласаа на анкетата на Фактор се изјасниле дека требаше да се дозволи да се оди во црква за празникот Велигден чие чествување почнува практично денеска. Инаку Владата секако не забранува да се посетуваат храмовите, но од утре до вторник на сила е забрана за движење на сите граѓани. Сепак дел од верниците денеска ги посетија блиските цркви, а се тврди и дека се причествувале. Црковниот и државниот врв смета дека не може да се забрани изрично.

Во изминативе два дена на анкетата гласаа точно 6305 граѓани, од кои повеќе од половината не го делат ова мислење. Впрочем 57 проценти или 3.578 се изјаснија дека ги поддржуваат рестирктивните мерки и ограничувањата за движење. Тие негативно одговорија на прашањето Дали сметате дека владините забрани за Велигден се пререстриктивни?

За опцијата дека мерките се рестриктивни, ама дека делумно треба да се ограничат гласаа 27 отсто од тие кои се изјасниле.


Слично

Поврзани вести