Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Васил Јованов доби 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

ФАКТОР  НА ДЕНОТ: Васил Јованов доби 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

ВАСИЛ ЈОВАНОВ Е ОСУДЕН НА 12 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ПРЕГАЗУВАЊЕТО НА ФРОСИНА КУЛАКОВА

Казна затвор  од 12 години му одреди Судот на Васил Јованов, врз основа на признание на вина за делото „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за прегазувањето на Фросина Кулакова во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Судијката Снежана Марковска, на објавувањето на пресудата денеска во Основниот кривичен суд Скопје рече дека како олеснителни околности Судот ги ценел признанието на вина и чувството на вина, како и свесноста за степенот на кривичното дело што го сторил и последиците, возраста и немањето доволно искуство, поранешениот живот - активен студент и спортист и неговото однесување по сторувањето на делото,  додека како отежнителни интензитетот на дејствијата и прекршување на голем број бланкетни норми од Законот за сообраќај, како и степенот на опасност од предизвикување на ова дело и тоа што обвинетиот е претходно осуден на казна затвор од три години и десет месеци за недозволена трговија со дрога и фактот што против него пред судот се отворени уште неколку постапки за поминување на црвено и загрозување на животот на пешаците и целосно игнорантскиот однос кон нив.

СЕМЕЈСТВОТО НА ФРОСИНА Е НЕЗАДОВОЛНО ОД ПРЕСУДАТА

Според таткото на Фросина Кулакова, Тодор Кулаков, пресудата за прегазувањето на девојката е срамна и тажна откако Васил Јованов денеска доби 12 години затвор. 

„Животот одамна е докажано дека нема вредност според законите на оваа недржава. Дванаесетгодишна казна е награда за вакво најбрутално можно убиство во сообраќајот“, изјави Кулаков пред Кривичниот суд Скопје, по објавувањето на пресудата за прегазувањето на неговата ќерка во јануари годинава на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Кулаков порача дека не се откажуваат и дека разбирливо ќе протестираат ако треба барајќи оставки. 

ПОЛИЦИЈАТА ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ФРЧКОСКИ

МВР поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против професорот Љубомир Фрчкоски и уште три други лица. Според МВР, тој како шеф на постојаната мисија во Обединетите нации си потрошил 58.721 долари од продажбата на југословенско дипломатско преставништво во Њујорк.

„На 12.05.2025 Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Љ.Д.Ф. (67), К.Г. (37), Ј.И. (64) и И.С. (41), сите од Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Во време кога јавните здравствени установи мачат мака со недостиг од медицински кадар, а министерот за здравство најавува нови вработувања до крајот на годинава, медицинските сестри со долгогодишно искуство се принудени да бараат стабилна работа како „град на вода“.

На матурантите им требаат неколку илјади денари само за купување на облека за прослава на матурската вечер, а дополнително младите ќе потрошат за чевли, шминка, фризура и слично. Некои веќе купиле гардероба за матурската вечер.

„ОхридТурист“, компанијата сопственик на хотелот Палас и неколку други угостителски и туристички објекти, го промени составот на Управниот одбор со нови три члена кои доаѓаат од „Тиквеш“, односно од М-6 групацијата која е мнозински сопственик.

Увоз на текстил, градежништво, транспорт и трговија со нафтени деривати, агропроизводство и трговија на големо и на мало... ова се клучните состојки на струмичкиот уникатен економски специјалитет во кој доминираат домашните состојки: претприемчивост, предвидливост, навремена реакција односно сè што е потребно за бизнисот да продолжи да оди напред и да се развива

По осум години судска голгота и повеќе од 20 одложувања на судскиот спор, предизвикани најчесто од наводни боледувања, избегнување за прием на судска одлука, повремени напуштања на државата,  браќата Давитковски и другите обвинети дочекаа застарување на предметот по фамозните измени на Кривичниот законик, кои беа остро критикувани од Европската унија, стручната фела и други релевантни фактори. 

Звучи неверојатно, но сите три фирми за продажба на конфекција на големо на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов се на првите три места по најголеми остварени приходи за 2024 во Струмица.

Слично

Поврзани вести