Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Провоактивни изјави од Бугарија, смирувачки тонови од Владата

ФАКТОР  НА ДЕНОТ: Провоактивни изјави од Бугарија, смирувачки тонови од Владата

ПРОВОКАЦИИ ОД БУГАРИЈА, ВЛАДАТА ВЕЛИ ТОА Е ПРОТИВ ДОБРОСОСЕДСТВОТО

Целата историска наука во Македонија се заснова на лаги и фалсификат, изјави проф. Кирил Топалов, член на Мешовитата комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија за историските прашања меѓу двете земји на „БТВ“.

„Во Бугарија има многу луѓе кои го прекоруваат нашиот историски комисија дека не си ја работи својата работа. Како да ја завршите својата работа со луѓе кои тие намерно ги искривуваат историските факти“, додаде тој.

Според него, европските земји размислуваат на вистински начин и гледаат кој како ја брани својата европска ориентација. Еден од главните услови да бидете дел од ЕУ е да ги поправите вашите соседски односи и надежта дека ЕУ залудно ќе ја принуди Бугарија да ја ослободи Северна Македонија.

Вели дека целта на посетата на премиерот  Зоран Заев е некако да се стави Бугарија во неможност да се одбие она што го сака Македонија. 

Од Владата велат дека изјавите на дел од бугарските политичари се дејствија против добрососедството и пријателството, коментирајќи го екс министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, и европратеникот Ангел Џамбаски. 

Красимир Каракачанов, поранешен вицепремиер, утрово на телевизијата бТВ, го нападна eкс премиерот Бојко Борисов и рече дека фаќал кривини во спорот со Македонија. 

Тој го критикуваше Борисов затоа што се обидел проблемот со блокадата на Македонија да го префрли врз службената влада. 

„Не ми се допаѓа што Борисов се обидува да го пренесе проблемот со политиката кон Северна Македонија на привремената влада. Вчера бевме заедно во владата и имавме цврст став, а сега тој се обидува да ја префрли топката со зборовите: владата може, но не сака. Не треба така“, изјави лидерот на бугарското ВМРО-БНД.

Тој му префрла на Борисов и што зборувал за „два народа“ и „две нации“ – иако самиот Заев наводно зборувал за еден народ.

Aкo e нешто заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата, реагира академик Катица Ќулакова по најновите изјави на дел од бугарските политичари кои велат дека „Македонија е бугарска“. 

Вели дека таквото присвојување е извор на негација на инхерентните и суверени права на другиот, другото лице на хегемонизмот и шовинизмот. 

ДЕНЕС НЕМА ПОЧИНАТИ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:

Скопје - 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1.

Регистрирани се 72 оздравени пациенти од:

Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

ДАЛИ КОРОНАТА Е НА ПАУЗА?

Српскиот вирусолог и микробиолог Миланко Шеклер за Блиц вели дека Србија не е ниту подобра, ниту полоша во одговорот на епидемијата за разлика од другите земји. 

Вели дека сите биле збунети, не знаеле што да прават, затоа што вакво нешто за прв пат се случува во последните 100 години. 

Објаснува дека тоа што во овој период од годината имаат по стотина заразени, покажува дека болеста не е победена. 

„Вирусот ќе го истурка летото и ќе не чека кога ќе заврши сезоната на годишни одмори, кога ќе има поголема концентрација на луѓе, полни автобуси, училишта, куќи...Кога ќе почне студениот дел од годината и кога по природа на нештата ќе бидеме во затворен простор, вирусот ќе се врати“, вели тој. 

Во колкава мерка ќе се врати вирусот, вели дека зависи од вакцинацијата. 

Слично

Поврзани вести