ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од утре се нормализира јавниот превоз во Скопје
ОД УТРЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ ИМА НОРМАЛЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ
Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски ќе продолжи нормално да функционира како во деновите наназад, изјави претседателот на Синдикатот на ЈСП Скопје, Миќо Стојановски по завршувањето на вонредната седница на Советот на Град Скопје на која беше донесена одлуката за доделување собвенции на јавното градско сообраќајно претпријатие.
„Благодарност до луѓево позади, 500 луѓе што денеска ни дадоа голема поддршка и смрзнаа на овие минусни температури. Благодарност и до 25-те советници во Советот на Град Скопје кои се и од опозицискиот дел што веќе е донесена одлука целосната субвенција за 2024 година на ЈСП да се префрли дали одеднаш или како ќе се договорат за да бидеме мирни во 2024 година“, изјави Стојановски по завршувањето на седницата.
Советот на Град Скопје претходно со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната 14. вонредна седница ја донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.ЃОРЃЕ ДАВИД ОСТАНА БЕЗ ПАСОШ
Српскиот пејач Ѓорѓе Давид остана без пасошот, по сообраќајката близу Табановце, каде загина 49 годишна жена од Куманово.
„На предлог на Основното јавно обвинителство Куманово, на српскиот пејач Ѓорѓе Давид, кој учествуваше во тешка сообраќајна несреќа кај Табановце, во кое едно лице загина, му се изречени мерки на претпазливост – привремено одземање на патните и другите исправи (лична карта и возачка дозвола) за преминување на државните граници и обврска за пријавување во суд“, соопштија од Обвинителството.
ТАТКОТО НА ВАЊА ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР
Таткото на малата Вања која беше свирепо убиена останува во притвор.
Ваква одлука донел Кривичниот суд откако одбранатра на таткото Александар бараше неговиот притвор да биде заменет со поблага мерка, односно куќен притвор.
„Заради интерес на медумите кои ја следат работата на судот, јаинформираме јавноста дека судија на претходна постапка, по предлог наодбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецотП.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање намислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлоготна одбраната се одбива.ЧИТАЈТЕ УШТЕ
