Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема затворање на границите поради омикрон, Заев и Гаши ќе продолжат со разговори

ФАКТОР  НА ДЕНОТ: Нема затворање на границите поради омикрон, Заев и Гаши ќе продолжат со разговори

ГРАНИЦИТЕ НЕМА ДА СЕ ЗАТВОРААТ ПОРАДИ НОВИОТ СОЈ НА КОРОНАВИРУСОТ

Министерот за здравство Венко Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок раговарале и за појавата на новата варијанта на корона вирусот, омикрон, кој го крена светот на нозе, но здравствените власти во Македонија засега сметаат дека нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки.

-Гледаме дека некои од земјите пртеземаат некакав форма на рестрикција. Нашиот заклучок е дека остануваме со сегашните мерки. Сѐ уште нема доволно познати информации, иако СЗО укажува на тоа дека можеби е полесно пренослив новиот сој. Сепак, директорот на американскиот Институт за здравство д-р Колинс смета дека и за тоа нема доволно информации. Можеби се тука некаде се во однос на степенот на преносливос со делта сојот. Сметам дека некаква рестрикција во однос на затворање на границите, во однос на карантинизирање на патници кои доаѓаат од одредени земји нема да даде ефект поради тоа што е очигледно дека кога ќе се појави нов сој не може да се ограничи само на една територија. Очегледно е дека соеви ќе се појавуваат и понатаму, така што остануваме на постоечките мерки. Ставаме акцент на вакцинацијата, ако некој не е вакциниран, може да патува со ПЦР. Во однос на мерките како критериум за излез, ги штитиме околните земји, а со ваквите мерки се штитиме и за влез во земјата, рече Филипче.

Истовремено рече дека постојано ја следат ситуацијата, нагласувајќи дека се уште е рано, односно дека станува збор за прилично нов сој и дека за омикрон допрва ќе има информации, но, како што рече од она што досега се знаеме, смета дека нема потреба од порестриктивни мерки.

ЗАЕВ И ГАШИ ПРОДОЛЖУВААТ СО РАЗГОВОРИ

Постигната e начелна согласност за програмските аспекти од можната соработка, и во тек се консултации околу кадровските решенија и позиции за одговорностите кои треба да се преземат пред граѓаните, соопштено е по средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. 

Претседателот на Владата Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, со своите тимови, имаа работна средба во Клубот на пратеници.

На средбата беше постигната начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.

УШТЕ 18 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.

Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево – по 8, Демир Хисар – 6, Охрид и Неготино – по 5, Валандово – 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Струмица, Радовиш и Демир Капија – по 2, Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево – по 1.

БЕКИМ ХАЏИУ ГОВОРЕШЕ ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА

Сопственикот на туристичката агенција Беса транс, Беким Хаџиу, за БНТ говореше за несреќата која се случи минатата недела во Бугарија, а во која загинаа 45 луѓе. 

Хаџиу вели дека автобусот бил на технички преглед пред патувањето во Турција и дека бил целосно исправен. Тој ја исклучува можноста некои од патниците да внеле лесно запаливи материи. Потврдува дека тој и неговото семејство биле дел од патувањето и дека патувале со другите автобуси.

„Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа“, вели Хаџиу за БНТ.

TEЛАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСЕНИ АВИОНСКИ


Шефот на дипломатијата, Бујар Османи соопшти дека е донесена одлука за пренос на телата на нашите сограѓани кои загинаа во трагичната несреќа минатата недела во Бугарија. Преносот ќе се изврши во четврток, 2 декември.

Владата на Бугарија го прифати нашето барање преносот од Софија до Скопје да се изврши со авион на Р. Бугарија, додека од меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол, останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Новиот сој повеќе денови предизвикува стра , а алармот е вклучен за целата светска популација, вели во разговор за Фактор, д-р Ангелчо Андоновски специјалист педијатар, кој смета дека во периодов што следува сите прашања поврзани со Омикрон треба да се постојана тема на здравствените власти, со цел да се заштитиме правилно и да не се создаде паника во нашата популација .

АД ЕСМ конечно ја објави тендерската документација пред јавноста во која повикува на прибирање на понуди за 810.000 тони јаглен за РЕК Битола и 170.000 тони јаглен за РЕК Осломеј. 

Пазарните цени на електричната енергија на регионалните берзи и домашниот континуиран недостиг на домашна струја од термоблоковите на РЕК Битола на голема врата го враќаат во игра заборавениот и по многумина отпишан мазутар ТЕЦ „Неготино“...

Состојбата со снабдување со електрична енергија за компаниите во земјава е алармантна, информираше на денешната пресконференција Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Компаниите не можат да издржат нов бран заболувања на вработените од коронавирусот и отсуства од работа. Државата да најде механизам вработените барем да се тестираат два пати месечно преку евтини тестови, кои би биле на државна сметка. А синдикатите да разберат дека доколку фирмите продолжат да работат без работници, нема да опстојат, па прашање е кој ќе ја дели платата.

Слично

Поврзани вести