ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јахоски со времен пасош отишол во Турција
АСМИР ЈАХОСКИ СО ВРЕМЕН ПАСОШ ОТИШОЛ ВО ТУРЦИЈА
Газдата на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии фотографирани во Истанбул, Турција. Откако му беше укинат притворот, нему му беше одземен пасошот, а тој даде милиони како гаранција дека нема да бега.
Фотографијата на која тој е сликан со славеникот, неговиот татко и чичко, беше објавена на социјалните мрежи. Така всушност и се прошири во јавноста.МАКЕДОНИЈА ГИ УКИНУВА ЦАРИНИТЕ ЗА САД
На последната седница на Владата се усвоени измени на Законот за царинска тарифа, а во тие рамки има и уникување на царините за увоз за сите производи кои доаѓаат од САД.
Ова денес го објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, која рече дека по овој потег се очекува и реципрочно да возврати САД и да бидат укинати царините за македонските производи.
БУГАРСКИ И ГРЧКИ ЕВРОПРАТЕНИЦИ ПРОТИВ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ
Во нацрт-верзијата на извештајот на Европскиот парламент за напредокот на земјава првпат се споменува посебен македонски идентитет и посебен македонски јазик, а бугарски и грчки европратеници веќе поднесоа повеќе од 300 амандмани
За предлог-извештајот на известувачот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, ќе се расправа в среда. За Извештајот ќе се гласа в среда, на 4 јуни.