Фајненшел Тајмс анализира како во три чекори Македонија да добие долгорочна стабилност
Фајненшел тајмс пишува дека договорот за името е редок балкански дипломатски успех.
Весникот потсетува дека со Преспанскиот договор кој e во сила oд 12 февруари „Поранешната југословенска Република Македонија“ се преименува во Северна Македонија, термин кој не подразбира никаква територијална претензија кон северниот грчки регион Македонија. Од своја страна, Грција го призна правото на народот во Северна Македонија да го користи терминот „македонски” за јазик и националноста.
Преспанскиот договор, ќе се оценува и по тоа дали ќе ги отстрани сомневањета за долгорочната стабилност на Северна Македонија, а за да се случи тоа, потребни се три чекори, се наведува во анализата.
Во анализата стои дека прво, ЕУ мора да ги отвори своите врати за Северна Македонија и Албанија.
„Идеално е ЕУ да ги започне преговорите за членство со двете држави оваа година. Членството во ЕУ ќе се награди на Преспа со тоа што ќе стане ирелевантна границата меѓу Грција и Северна Македонија, исто како што одамна беа решени граничните спорови меѓу Франција и Германија. Во меѓувреме, почетокот на разговорите за влез на Албанија во ЕУ треба да ги заузда националистите во Тирана и Косово во обидите да ги искористат за своите цели и етничките Албанци во Северна Македонија“, пишува ФТ.
Медиумот пишува дека не смеe да се дозволи дискредитирање или уништување на Преспанскиот договор од неговите противници. Се наведува и дека десничарските противници на премиерот Зоран Заев треба да се збогуваат со македонскиот шовинизам.
