Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фадил Цана следен министер за здравство во Владата?

Фадил Цана следен министер за здравство во Владата?


Инфектологот Фадил Цана е можниот кандидат за министер за здравство од Алијансата за Албанците во случај партијата да влезе во Владата, информира Клан М.

На прашањето на Клан Македонија до Фадил Цана дали е можно тој да биде идниот министер во Министерството за здравство, тој кусо одговори дека за тоа треба да одлучат партиските органи.

- Партиските органи ќе одлучат дали јас ќе бидам идниот министер за здравство - изјави Фадил Цана.

Инаку, Алијанса во сабота за време на Собранието на Централното претседателство одлучи да формира комисија за разговори за влез во Владата. 


Слично

Поврзани вести