ФАДИЛ ЦАНА НЕ СТАНА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО, НО СЕГА Е ДИРЕКТОР НА ИНФЕКТИВНА: Меџити не ја кажа причината за смената Милена Стевановиќ
Инфектологот
Фадил Цана од Алијанса за Албанците,
чие име се споменуваше токму пред една годинакако можен кандидат за министер за
здравство на местото на Беким Сали, сега е назначен за директор на Клиниката за
инфективни болести.
Д-р Милена Стевановиќ седум години успешно раководеше со оваа клиника, особено во периодот на корона пандемијата, кога таму се лекуваа најтешките пациенти.
Засега ниту министерот за здравство, Фатмир Меџити, ниту кој било друг не ја кажува причината за смена на д-р Стевановиќ, но извори на Фактор брифираат дека изборната кампања веќе е почната.
-Техничката влада беше избрана во неделата, а нешто повеќе од 24 часа доаѓа првата директорска смена. Назначен е човек од истата партија од која е и министерот за здравство, од Алијанса за Албанците, посочува изворот на Фактор.
А. Б.
