Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ФАБРИКА“ ЗА ЛАЖНИ РАПИД ТЕСТОВИ ВО КАЗИНА ВО МАКЕДОНИЈА: Грчките медиуми пишуваат за опасна шема

„ФАБРИКА“ ЗА ЛАЖНИ РАПИД ТЕСТОВИ ВО КАЗИНА ВО МАКЕДОНИЈА: Грчките медиуми пишуваат за опасна шема

Резултати од негативни брзи тестови кои никогаш не биле направени се издаваат во казино во Македонија, пишува new fox- 24 повикувајќи се на вестите на Опентв. 

„Ова е опасна јавно здравствена шема која се одвива во „коцкарските храмови“ на Македонија, а посетителите добиваат бесплатен, негативен брз тест за да се вратат во Грција, објави Опен.

Поточно, казината даваат лажни сертификати за брз тест без да се случи испитувањето со цел на овој начин да привлечат клиенти од Грција и да им го олеснат поминувањето на граничните контроли.

Во многуте казина што постојат на границата, специјално за Божиќ и Нова година се поставува атрактивна сцена на славење и без мерки за заштита од ширењето на коронавирусот. Во овие казина, 8 од 10 клиенти се Грци, а целиот процес се одвива во моментот кога клиентите ги добиваат своите чипови на шалтер.

Според пријавата, лажните сертификати за брз тест се од сертифициран дијагностички центар. Едноставно во документите се пополнуваат имињата на клиентите, без секако да се направи преглед.



Слично

Поврзани вести