Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Езерото“ од поплавите во Илинден се повлече, но што остави зад себе?!

„Езерото“ од поплавите во Илинден се повлече, но  што остави зад себе?!

Се повлече водата, но што остави  по неа, што остана од печалбата, маката, надежтта - со ова прашање секое утро се буди и секоја вечер легнува семејството Трпковски од  општина Илинден која беше зафатена од катастрофалното невреме. Каналот   поплави дваесетина куќи кои беа директно изложени на ударот од поплавата. И по две недели велат жителите сеуште неможат целосно да ги исчистат своите домови. Тимови на надлежните иснтитуции направиле  проценка на штетите, но граѓаните се скептични дали помошта ќе стигне да ја покрие загубата. Сами ги санираат штетите. Бараат помош веднаш бидејќи  стравуваат дека поради остатоците од калта и  фекалиите во нивните дворовови, демне опасност од зарази.

ilinden poplavi2

“Куќата, дворот се ми беше поплавено. Водата полека се повлече но зад себе остави кал, остатоци од фекалии. И по две недели мака мачиме да ја исчистиме. Од општината ни рекоа  дека ќе ни донесат лопати, цел алат што го имавме се испокрши. Со денови сами чистиме, а рачно тешко оди. Во мојата куќа нема пристап за механизација и морам рачно да чистам”- раскажува Круме Трпковски од Илинден.

ilinden poplavi5

Комисијата за проценка на штети  деновиве поминала и направила записник. Но сеуште нема одговор дали и кога ќе добијат финансиска помош. Хуманитарна помош како што вели досега не стигнала до нив. Разочаран е што и покрај големите штети кои ги предизвика невремето, жителите на Илинден останале заборавени.

“Немаме  добиено хуманитарна помош. Куќата, дворот со денови пливаа во вода. Ја црпевме со кофи, со потопни пумпи. Реата која се шири од влагата е неподнослива. Мора темелно да се дефинцира. А и за да се исуши целосно треба време. Ни требаат средства за дезинфекција. Секој предмет што ќе го фатиш мора да се исчисти.  Стравуваме од инфекции. Каде и да се свртиш е иста глетката. Се прашувам дали некогаш ќе се вратиме во нормала”- додава Трпковски.

ilinden poplavi3

Трагедијата според жителите на Илинден можела да биде спречена доколку навреме бил исчистен каналот. Но поради несовесниот однос на некои од соседите кои не дозволувале багерот да помине низ нивниот имот за да обезбеди пристап за расчистување, куќите кои биле во близина на каналот биле први на удар на надојдената вода.

ilinden poplavi

“Таква вода не паметиме. Вистинско езеро. Не се познаваше ниту дворот ниту влезот на куќата. Можеше да се спречи или со навремена интервенција на надлежните или со разумна реакција на терен, но очигледно надвладеа лошотилакот кај народот, па сега дупло ќе се мачиме. Се што сме граделе со години да гледаме како заминува во неповрат”- раскажува жителка на Илинден.

ilinden poplavi4

Мештаните кои се соочија со последиците поради неисчистениот канал затрупан со шут и смет  реагираат дека секој пороен дожд е потенцијална опасност од нова  поплава. Од општината  Илинден се запознаени со состојбата на терен. Нивните екипи работат на  терен, а општинските власти најавија  дека  ќе поднесат  пријава против несовесниот жител на Илинден  кој дозволил  излевање на каналот од кој беа поплавени дваесетина куќи.

ilinden poplavi7

Во меѓувреме Министерството за финансии ги повика  лицата што биле евидентирани од страна на Комисијата за проценка на штети да дадат известување во која деловна банка сакаат да им се исплати паричниот надоместок од 500 евра   за да се изврши авансната исплата на паричната помош  во подрачјата зафатени со поплавите.

ilinden poplavi1

Слично

Поврзани вести