ЕВЗОНИ Е ПОВТРНО Е ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ: Границата со Грција беше привремено затворена поради избувнување пожар
Граничниот премин Богородица е повторно отворен за сообраќај, информираат од Министерството за внатрешни работи,
откако привремено беше затворен поради избувнување на пожар.
Преминот денеска околу пладне беше времено затворен поради пожарот на грчка страна.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувна на грчка страна. Во моментов граничниот премин функционира нормално“, велат од МВР.
Неколкучасовното непропуштање на возилата, денеска предизвика недогледна колона возила, заради што дел од нив беа пренасочени на преминот Дојран.
Од безбедносни причини беа евакуирани и вработените на граничниот премин.
фото: ФБ