„Еврото“ во Центар „исквернавено“ за помалку од 24 часа
Фото: Нова Македонија
Уметничката инсталација на монетата „евро“ на скверот кај Порта Буњаковец во центарот на Скопје е исквернавена за помалку од 24 часа откако беше поставена.
Група уметници го постави во знак на поддршка на интегрирањето на Македонија во ЕУ.

Истиот ден вечерта на лентите околу инсталацијата беше поставена порака „Едно евро за Вицето“, алудирајќи на монетата со апоен од едно евро и тв-снимката со премиерот Зоран Заев.
Денеска веќе се евидентирани видни оштетувања на самата уметничка порака.

Слично
