Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОСТАТ: Кои странски јазици ги изучуваат Македонците?

ЕВРОСТАТ: Кои странски јазици ги изучуваат Македонците?

Според Евростат, 84.000 македонски граѓани посетуваат средно училиште и буквално сите имаат најмалку еден странски јазик како предмет, а дури 99,6% втор странски јазик што го изучуваат. 

Средношколците од Република Македонија, Луксембург и Лихтенштајн во најголем процент во Европа учат по најмалку два странски јазика за време на своето школување. 

Ова го покажаа податоците што денеска ги објави Евростат, според која 100% од учениците во прва и втора година од средно образование во Македонија учат најмалку еден, а дури 99,6% од нив изучуваат најмалку два странски јазика за време на четиригодишното школување.

Евростат објавува дека прв странски јазик што македонските граѓани го изучуваат во средно училиште е англискиот, додека германскиот јазик е втор странски јазик, односно го изучуваат 49,2% од нив.

Унгарија со само 6% од средношколците и Бугарија со 16% имаат најмал процент на млади во средните училишта што учат втор странски јазик.

Во ЕУ вториот најраспространет странски јазик во училиштата е францускиот, а потоа следат германскиот и шпанскиот јазик.

Францускиот јазик е најпопуларен во земји како Луксембург, Белгија,  Кипар, Романија, Португалија и Италија. Германскиот јазик е популарен во Данска, Полска и Словачка, како и во Луксембург. Учење на шпански јазик како странски е популарен во Шведска и Франција.

Рускиот јазик е застапен во Балтичките држави и донекаде во Бугарија.

Слично

Поврзани вести