Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европските банки имаат 1 трилион евра ризични долгови

Европските банки имаат 1 трилион евра ризични долгови

Според податоците со кои располага Европската централна банка постои голем ризик кај европските банки за ризични долгови чиј износ се движи до 1 трилион евра. 

Проблеми може да настанат откако ЕЦБ ќе ги прекине програмите за стимулирање на економскиот раст за банките, па без можност за компезирање на загубите со овие средства постои голема закана за европскиот банкарски сектор со долгови кои не можат да бидат сервисирани.

Долговите се создадени по 2008-ма кога настана големата светска финансиска криза, особено со последиците во Европа со долговите на Грција кон меѓународните кредитори, како и слабите економски перформанси на јужните држави на ЕУ. 

Голем дел од долговите се на граѓани и компании кои не можат навремено или целосно да им платат на банките, а се во категоријата на ризични клиенти, па не можат да земат ниту нови кредити. ЕЦБ се очекува да крати по 60 милијарди евра помош месечно за европските банки. 

Слично

Поврзани вести