Европскиот парламент усвои нови правила за азил - што ќе значи тоа за Македонија?
Од јуни почнува да важи нова миграциска политика на Европската Унија(ЕУ). Пратениците во Европскиот парламент го прифатија предлогот за воведување на список на таканаречени „безбедни“ земји, односно забрзување на процедурите за потешко добивање на азил за жителите на тие држави.
Бангладеш, Колумбија, Египет, Косово, Индија, Мароко и Тунис се на листата на безбедни земји на потекло, која редовно ќе се ревидира.
На листата се земјите-кандидатки за ЕУ, Грузија, Турција, а меѓу нив е и Mакедонија. Според Европската комисија, новите правила ќе го зајакнат системот за азил и ќе го направат процесуирањето на барањата побрзо и поефикасно. Барањата за азил ќе се сметаат за неприфатливи доколку се утврди дека лицата кои го поднеле барањето, можеле да добијат азил и во друга земја што е безбедна за нив.
Според новите правила, секое лице кое бара азил ќе може да биде депортирано во земја надвор од ЕУ, дури и ако само поминало низ неа.
foto freepik.com
