Европскиот парламент даде зелено светло:Ја усвои резолуцијата за старт на нови преговори на Македонија за влез во ЕУ
Прифатен е извештајот кој и овозможува на земјава да добие нова препорака за старт на преговори за членство во Европската унија.
Ова станува јасно од денешниот исход од гласањето во Европскиот парламент каде со 503 гласови за, 113 против и 45 е усвоена резолуцијата на словенечкиот европратеник Иво Вајгл, по извештајот за Република Македонија, изготвена од Европската комисија во 2016 година
Резолуцијата која беше усвоена од Комисијата за надворешни работи на ЕП, претрпе мали промени, кои ја зедоа предвид еволуцијата на ситуацијата во Македонија.
Сега во следните три месеци Брисел ќе ја стави Македонија под лупа, односно ќе ги следи реформите во земјава, додека се спрема извештајот кој европскиот комесар Јоханес Хан ќе го објави на есен.
