Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

Европскиот фронт денеска поднесе 4 интерпелации.

Интерпелациите се за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, денеска на прес-конференција изјави дека интерпелацијата ја поднесуваат за работата на четворица членови на Владата, за кои наведе дека се без етнички легитимитет.

Беџети за Тошковски и неговиот заменик Исени, рече дека тие на денот на празникот на албанското знаме, како одговорни лица, и наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.

За вицепремиерот Меџити, Беџети рече дека е одговорен за лошото управување со состојбите кои се случуваат во државата, како и за меѓуетничките односи.

„Наместо да дејствува како гарант на меѓуетничкиот мир и интеграција, тој не успеа да ги заштити интересите на албанската заедница и да придонесе за зачувување на социјалната и меѓуетничката хармонија. Напротив, толерираше дискриминација, селективна правда од страна на надлежните органи и молчеше за повторените неправди што ги трпи оваа заедница“, рече Беџети.

Од „Вреди“ велат дека ДУИ треба да си поднесе интерпелација самата на себе. Додаваат дека ДУИ создаде проблеми и дека вината ја префрла на друг. 

Слично

Поврзани вести