Европски сојуз за промени: Дрин Ахмети бидејќи е внук на капо Али Ахмети шета слободно, а загрозени се полицајците кои го фатија со експлозив
Претставник на Европскиот сојуз за промени, денеска пред медиумите изнесе став дека претставници од полицијата, кои го уапсија внукот на Али Ахмети, Дрин, со големи количини пиротехника се загрозени.
Од ова здружение прашуваат каде е Дрин Ахмети, и како тој е над законот, при што посочија дека за поседување пиротехнички средства според законот следи казна до 10 години.
Еве го нивниот став:
Како што дознаваме, непосредно пред Нова година, внукот на Али Ахмети, формалниот сопственик на TЦ „Соравија“ во Скопје, Дрин Ахмети, е фатен со пиротехнички средства, за што Кривичниот законик предвидува казна затвор до 10 години.
Меѓутоа, тој - бидејќи е внук на капо Али Ахмети - продолжува да шета слободно, а загрозени се полицајците кои го фатија со експлозив. Ова е причината зошто денеска сме овде да го прашаме Али Ахмети каде е Дрин Ахмети и како тоа законот не важи подеднакво и за членовите на неговото семејство?!
Да не беше Дрин Ахмети внук на капо или лидерот на Демократската унија за интеграција, каде ќе беше денеска тој? Како стана едно младо момче, како Дрин Ахмети, да биде над законот?! Кој е тој судија што измислил други одредби за членовите на
семејството на Али Ахмети, кои не важат подеднакво и за другите граѓани?! Така, додека другите Албанци, честопати и сосема невини, се скапат во затворите, членовите на семејството на Али Ахмети се побесни, го кршат законот и не се секираат за тоа.
Така, Европскиот сојуз за промени констатира дека криминалот и злоупотребата на правдата од страна на ДУИ добиле вознемирувачки размери, кои не само што ја загрозуваат европската перспектива на државата, туку веќе станале опасни и по
животот на нашите граѓани. Затоа, испраќањето на семејството Ахмети во
опозиција се претвори во спасувачка мисија за Албанците, за државата и
за сите граѓани.
Сето ова стои во соопштението испратено од претставниците на „Европскиот сојуз за промени“.
За потсетување, „Европски сојуз за промени“ е името на колацијата на опозицискиот албански фронт - Демократско движење, движењето Беса и Алтернатива.
