Европски министри денес ќе разговараат за Македонија
Референдумот кој на крајот на претходниот месец се одржа во земјава, ќе биде главна тема од точката Македонија на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург .
На Советот за надворешни работи на ЕУ министрите ќе дискутираат за за референдумот што неодамна се одржа во Македонија, како и за изборите во Босна и Херцеговина што се одржаа на 7. октомври но на дневен ред ќе се најде актуелната состојба во меѓународните односи, вклучително и резултатите од 73-то Генерално собрание на ОН.
Миграцијата и ситуацијата во Либија исто така ќе бидат дел од овој состанок.
Фото: afp
Слично
