Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европската комисија е подготвена да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија, вели Петков

Европската комисија е подготвена да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија, вели Петков

Нема да правам никакви договори со Скопје без согласност на сите, вели бугарскиот премиер Кирил Петков. 

Објасни дека секое решение во врска со Македонија мора да биде со целосна согласност на партиите од владината коалиција и од опозицијата и нема да биде донесена никаква конкретна одлука без одобрение на Парламентот. 

Како што кажа Петков, актуелните случувања во Украина „го направи случајот Република Северна Македонија уште поделикатен“.

„Безбедноста на Западниот Балкан е од големо значење за бугарската држава. На овие одлуки мора да им пристапиме со голема одговорност“, додаде Петков.

Тој истакна дека Европската комисија соопштила дека е подготвена преку преговарачката рамка да биде гарант за правата на Бугарите во Македонија и за почитување на нивните интереси и права.

Албанскиот премиер Еди Рама веќе најави дека Албанија ќе бара раздвојување со Македонија на патот кон ЕУ, затоа што како што кажа тие не можат да чекаат соседите да ја решат кавгата. 

Прво Франција, а потоа и Бугарија го блокираше почетокот на преговори на Македонија со ЕУ. 

Слично

Поврзани вести