Европската комисија без коментар за Груевски и молбата за азил
Европската комисија одбива да ја коментира информацијата, дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски поднел молба за азил во Унгарија, објаснувајќи дека владеењето на правото е oсновен принцип на Европа.
„Владеењето на правото е основен принцип на ЕУ, и за земјите-членки и за земјите-кандидатки, и ние очекуваме од сите страни строго да се придржуваат кон правилата, законска процедура која не треба да се политизира“, велат од ЕК.
Груевски се бара со меѓународен налог за апсење, а вчера властите потврдија дека поранешниот премиер најверојатно е во Унгарија. Специјалната обвинителка Катица Јанева очекува екстрадиција.
„Македонија ќе ги искористи сите правни механизми за да се обезбеди присуство на поранешниот премиер Никола Груевски и исполнувањето на неговата пресуда. Постапката за екстрадиција ќе продолжи и се надевам дека Европа ќе изврши притисок и тој ќе биде вратен“ , објаснува таа.
Самиот Груевски кажа дека избегал во Унгарија и побарал засолниште. Во понеделникот македонскиот суд издаде налог за апсење на Груевски.
„Сега сум во Будимпешта и побарав политички азил од унгарските власти и јас секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија“. Јас никогаш нема да отстапам“, напиаша Груевски.
Владата на Унгарскиот премиер Виктор Орбан е во тесна врска со Груевски. Минатата година Орбан ја посети Македонија за да ја поддржи партијата ВМРО-ДПМНЕ на Груевски, а во јуни оваа година унгарскиот лидер испрати видео порака за поддршка на партиската емисија за време на големиот протест против македонско-грчкото преговарање за името .
