Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европска земја се нуди да биде посредник во спорот меѓу Македонија и Бугарија

Европска земја се нуди да биде посредник во спорот меѓу Македонија и Бугарија

Aвстрија се нуди да биде посредник во спорот меѓу Македонија и Бугарија. 

Виена по втор пат се нуди да биде посредник во спорот меѓу Софија и Скопје. Австриската влада нема разбирање за бугарското вето кон Македонија, и пред некое време се изјаснија дека понудиле токму во Виена, како неутрално место да продолжат разговорите, но биле одбиени.

Министерот за надворешни работи на Австрија,  Александер Шаленберг, денеска во интервју за МИА, повторно ја стави истата понуда на маса. Вели дека билатералните и историските прашања треба да бидат одвоени од овој процес. 

Вели дека двете страни не треба да губат време и треба да преземат конкретни чекори за меѓусебно приближување. 

Има добри примери кои може да послужат за решавање на спорот со Бугарија, потребни се храбри чекори, вели Илхан Ќучук, известувачот на нашата земја во Европскиот Парламент.

Тој  во интервју за бугарските медиуми најави дека ќе се залага и натаму за членство на Македонија во ЕУ, и за решавање на спорот со Бугарија.

Слично

Поврзани вести