Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европратеникот Вајц на удар од Бугарија само затоа што има реален став кон Македонија

Европратеникот Вајц на удар од Бугарија само затоа што има реален став кон Македонија

Сите 17 бугарски европратеници потпишаа писмо со кое го осудуваат Томас Вајц, австрискиот пратеник од Партијата на зелените, одговорен за изготвување на извештајот за Македонија во кој за прв пат се споменува македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Тие нагласиле, како што пренесува БГНЕС, дека владата на Северна Македонија извршила прекумерно влијание врз работатат на известувачот Вајц во преговорите и дека тој го игнорирал „насилството врз Бугарите во земјата“.

„Бугарија долго време го обвинува својот западен сосед за прикривање на нивната заедничка историја и негирање на бугарските корени на јазикот и идентитетот на Северна Македонија“, објави Политико.

Според публикацијата, премиерот Росен Жељасков ја повикал претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во пресрет на гласањето за да побара одложување. На крајот, извештајот не беше гласан во Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Бугарската влада и бугарските европратеници го обвинија Вајц за прикривање на лобистички состаноци со претставници на владата на Северна Македонија и за поддршка на барањата на Северна Македонија со тоа што им дал доверливи информации и го игнорирал бугарскиот став.


Слично

Поврзани вести