Европратеникот Шидер за Македонија: Аферата со лажните пасоши е скандал, но нема да има последици
Европратеникот Андреас Шидер ја оцени аферата со изработка на оригинални паосши со лажен идентитет за регионални криминалци од страна на референти и контролири вработени во МВР како скандалозна, но дека тоа нема да се одрази негативно на безвизниот режим, затоа што, како што вели тој, државата превземала акција.
– Но ова покажува и дека има активност околу борбата против корупцијата – изјави европратеникот и додаде дека не очекува овој скандал негативно да се одрази врз визниот режим за Северна Македонија со ЕУ,.
Според Шидер, земјата покажала дека работите одат во добра насока, пренесува МИА. МВР во соработка со американската ДЕА по подолго следење на ситуацијата изминатата недела уапси десетина службени лица кои ги изработувале овие патни исправи за пари, но се очекува истрагата да се прошири.
Опозицијата претходно предупреди дека издадените 215 македонски пасоши со лажен идентитет на меѓународни нарко-швецвери,може да и создаде сериозни проблеми на земјата по однос на безвизниот режим кон земјите членки на ЕУ. Од таму сметаат дека доколку нема сериозна истрага на Интерпол и ЕУ за овој скандал, се ризикува безвизниот режим да биде ограничен, или да биде суспендиран.
