Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европратеникот Ковечев: Про-југословенска елита не дозволува да сме блиски како Германија и Австрија, Романија и Молдавија, Грција и Кипар

Европратеникот Ковечев: Про-југословенска елита не дозволува да сме блиски како Германија и Австрија, Романија и Молдавија, Грција и Кипар

Ние сакаме полноправно членство во Европската унија за сите земји од Западен Балкан, ова беше главната работа во нашето претседателство, рече европратеникот Андреј Ковачев во својот последен став за Бугарската национална телевизија.

„Во однос на Република Северна Македонија, верувам дека не е европски да се поддржуваат манипулациите и лагите. Ние мора да ја надминеме омразата што беше изградена за време на тоталитарниот режим “, додаде тој.

„Нормално е да се бара да се надмине антибугарската реторика, особено во последните неколку недели. Тие треба да имаат храброст да го сторат ова не затоа што тоа е бугарска позиција, туку затоа што одговара на историската вистина “, нагласи европратеникот за бТВ.

Според Ковачев, надворешните фактори како што се Белград и Москва, како и про-југословенската елита со носталгија кон Тито, не дозволуваат Бугарија да биде блиска со Северна Македонија и да имаме односи како „Германија и Австрија, Грција и Кипар, Романија и Молдавија“.

Според истражувањето на „Алфа Рисрч“, нарачано од европратеникот, 84% од Бугарите велат дека треба да има разговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но само кога ќе ги надминат историските манипулации. „Има огромна консолидација во бугарското општество, без оглед на партиската припадност на народот“, рече Андреј Ковачев.

Тој потсети дека упте од 2017 година Бугарија постојано ја предупредувала Македонија дека проблемите мора да се решат.

Бугарија соостанува на своите цврсти позиции кон Скопје за кршење на договорот за добрососедство. Ова се случува само една недела пред Европскиот совет да одлучи дали Северна Маледонија ќе добие зелено светло за пристапни разговори.

Пред два дена вицепремиерката Екатерина Захариева разговарала 5 часа во Берлин со нејзините колеги од Северна Македонија,- Бујар Османи и Никола Димитров како и со министрите на Германија - Хајко Мас и Михаел Рот. 

Имаше чекор напред, но не доволно за да се согласиме Скопје да започне опреговори за членство. Причината е непочитување на договорот, искоментира Захариева.

Бугарскиот претседател Румен Радев пак рече дека не може Бугарија да си дозволи да донесе нерешени прашања во ЕУ и да дава европска легитимација на омраза кон Бугарите. 

- Три години по потпишувањето на Договорот за соседството, да се види во текстови во учебници и музеи е навредлива и недопуштена формулација во однос на Бугарија. Не можеме да фо ставаме под хипотека нашиот национален идентитет “, рече Радев.

Во меѓувреме продолжуваат дипломатските напори во насока на приближување на ставовите на двете страни со цел овозможување на одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ за време на германското претседателство. 

МИА информира дека во Брисел сѐ уште се води битка и на амбасадорско ниво од страна на Бугарија во нацрт заклучоците за преговарачката рамка да влезат дополнителни забелешки, но, барем засега, бугарските барања не се прифатени.

Дипломатски извори за МИА велат дека ако се постигне договор денеска, амбасадорите на земјите членки ќе можат да ја усвојат преговарачката рамка, во спротивно тие повторно ќе се состанат на оваа тема в петок, со надеж дека до тогаш ќе се надминат разликите и ќе се отвори патот министрите на 10 ноември да дадат зелено светло на документот.

Слично

Поврзани вести