Европратеникот Џамбаски бесен на Фејсбук: Го налути тоа што го направи Урсула Фон Дер Лајен за Македонија
Негодувања и провокации од страна на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски .
На социјалните мрежи, тој револтирано искажува лутина поради договорот со Фронтекс, при што лутина упати и кон бугарските пратеници.
„Срамното предавство на Политичката партија ГЕРБ, Продолжување на промените, Прес Центарот на ДПС и Демократска Бугарија ја легитимира лагата „македонски јазик“!
Вчера Урсула фон дер Лајен и Димитар Ковачевски потпишаа договор за управување со границите.
Се потпишува и на „македонски“, имајте предвид, без фусноти, без посебни мислења. Ова го потенцира претседателката на ЕК, дека договорот е потпишан на „македонски“, како што вети.
Македонците се гордеат поради неуспехот и нихилизмот на овие 170 „народни претставници“ кои ја избришаа бугарската историја, јазик и култура.
Браво Борисов, Петков, Иванов и Карадаи. Заминавте во историјата, заедно со Георги Димитров, Кимон Георгиев, Трајчо Костов и други комунистички ѓубриња. Тие, како и вие, направија се за да им угодат на странските господари и да ја избришат светата кауза за генерации Бугари - Македонија.
Не дека е изненадување. Вие сте нивни достојни наследници и проекции. Срам и срам што дозволивте Македонците да се радуваат на сметка на бугарската чест и достоинство. Плукавте по делото на Климент Охридски, браќата Миладиновци, проф.Љубомир Милетиќ и сите познати и незнајни Бугари кои придонеле за развојот на бугарската култура и јазик, кој сигурно наскоро ќе испадне „македонски“. Срамот засекогаш ќе виси над предавниците на бугарската кауза!“ - пишува Џамбаски на Фејсбук.
Инаку, утринава на социјалната мрежа Твитер, претседателката на ЕК Фон дер Лајен твитна на македонски јазик.
„Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен. Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција. Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик. На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ, напиша фон дер Лајен.
фото: Фејсбук
Џамбаски му возврати на Османи: Крајно време е да го срушиме последниот бастион - македонизмот