ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ НА ПОТЕГ: Ќе му сржат на Орбан да го екстрадира Груевски
Се очекува пред дебатaта и гласањето на резолуцијата на Европскиот парламент за извештајот на Комисијата за напредокот на Република Македонија, мнозинството европратеници да го поддржат амандманот со кој се бара екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски од Унгарија, пренесуваат дел од медиумите.
Заменик-министерот за надворешни работи на Македонија Андреј Жерновски во пресрет на ова гласање овие денови остварува бројни средби со европратеници од сите политички групи во Европскиот парламент. Тој посочи дека очекува поддршка на гласањето во четвртокот.
Засега од европската заедница не стигна голема галама за бегството на Никола Груевски а европскиот комесар за проширување Јоаханес Хан вели дека кредибилитетот на Европа е во прашање.
„Силно владеење на правото е еден од темелните критериуми за влез во ЕУ. После години назадување, Македонија прави добар напредок во оваа област, вклучително и кривичното право. Сите земји членки на ЕУ и соседи треба да го поддржат овој процес. Се работи за кредибилитетот на Европа“, реагираше Хан.
Во текот на вчерашниот ден имунитетот на Груевски беше одземен со 62 пратенички гласа.Претходно во текот на денот пак унгарски медиуми ја пренесоа изјавата на Орбан кој вели дека нема време да диша, а камоли да се среќава со бегалецот на кој дефинитнво му обезбеди вип бегалски статус.
Дадениот азил, исто така, може да биде порака до западните партнери дека Орбан не гледа причина да ги почитува интересите на Вашингтон и Брисел, според унгарскиот аналитичар Петер Креко.
