Европратеници испратија писмо до Нобеловиот комитет со поддршка за Заев и Ципрас
Вкупно 33 европратеници од 16 земји испратија писмо со своите потписи до Нобеловиот комитет со кој му се дава поддршка на македонскиот и грчкиот премиер - Зоран Заев и Алексис Ципрас за доделување на наградата за мир за оваа година.
Шест политички семејства ја поддржуваат иницијативата на поранешниот лауреат Видед Бушамауи од Тунис
-Ова е првпат на Балканот да се постигне таков иновативен договор. И двајцата премиери го направија овој чекор напред, имајќи голем домашен притисок, а дека на крај стигнаа до таков позитивен резултат, се должи на нивното лидерство. Нивната номинација за Нобеловата награда за мир, испраќа порака до сите дека храброста и прогресивното размислување над националните граници треба да бидат наградени, се вели во образложението напишано во писмото што беше објавено..
Тие додаваат дека ваквиот договор ќе ги охрабри Заев и Ципрас, но и другите да го следат конкретниот пример и да придонесат за мирно соседство.
