Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОПА ВЕТУВА ДОВОЛНО ВАКЦИНИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН - кога ќе стигнат во земјава не се знае

ЕВРОПА ВЕТУВА ДОВОЛНО ВАКЦИНИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН - кога ќе стигнат во земјава не се знае

Европскиот амбасадор во Скопје, Дејвид Гир, вели дека вакцинацијата не треба да биде натпревар помеѓу земјите. Тој вети дека ЕУ ќе обезбеди доволно дози за Западен Балкан што е можно поскоро. Затоа ЕУ ќе одвои 70 милиони евра, за земјите од нашиот регион да можат да ги покријат трошоците за набавка на вакцини од нив.

„Вакцинацијата не треба да биде натпревар помеѓу земјите. Ние сите треба да го сториме тоа заедно. Европската Комисија работи со земјите членки за да договорат залихи, но не можам да ви дадам точен датум. ЕУ досега обезбеди најголема помош од 3,3 милијарди евра за целиот Западен Балкан за време на пандемијата и за секоја земја одделно продолжува да го прави истото“, изјави амбасадорот Гир.

Инаку, од она што досега официјално се знае, според Министерството за здравство е дека 5.850 единици нарачани директно од „Фајзер“ се очекува да пристигнат во текот на февруари. Други 8.000 дози што Србија ни ги понуди со иста цена чекаат одобрување од американската фармацевтска компанија да бидат испратени во Скопје со итен увоз. Од друга страна, измените и дополнувањата на Законот за лекови го чека кворумот во Собранието. Ова ќе го отвори патот и за набавка на 833 илјади вакцини кои се очекува да дојдат во текот на оваа година.

Слично

Поврзани вести