Европа се бори, а Македонија допрва ја чека топол бран
Европа се бори со температури над 40 степени, а Македонија допрва ќе ја зафати топол бран.
Во Европа од Сахара пристигна топлотен бран кој се предвидува дека деновиве ќе донесе температури близу 40 Целзиусови степени, а властите упатуваат предупредувања до граѓаните како да се заштитат.
Во источногерманскиот град Кошен, во близина на границата со Полска, вчера е измерена температура од 38,6 Целзиусови степени, што претставува досега највисока регистрирана температура во Германија во текот на месец јуни.
Париз ги забрани на еден ден старите автомобили, бидејќи топлотниот бран го зголемува загадувањето на градот.
Во Франција, веќе се затворени 50-ина училишта во областа Есон, јужно од Париз, затоа што немаат доволно уреди за ладење. Денеска, кога се очекуваат и највисоките температури, ќе бидат затворени училишта во уште две париски предградија.
Во делови од североисточна Шпанија се очекува дека температурите в петок ќе бидат над 45 Целзиусови степени.
Во Швајцарија е невообичаено жешко, но властите инсистираат на тоа училиштата да останат отворени бидејќи во спротивно ќе настане проблем за вработените родители.
Топло и спарно во текот на целиот ден низ цела Македонија. Утрешните врнежи од дожд кои што ги најавуваат метеоролозите веројатно ќе бидат последните во овој дел од летото. Од понеделник се очекува вистински пекол.