Економија, финансии, бизнис

Контакт

Европа гори, Македонија во жолта фаза

Европа гори, Македонија во жолта фаза

Нови температурни рекорди беа поставени вчера во Европа.

Неверојатниот топлотен бран ја зафати Швајцарија каде прв пат во Женева биле измерени 39.7°C , во Лугано минималната температура се спуштила на 25.4°C, највисока за месец  јули од 1864 година.

Според информации на weather4all.com.mk во  Сарагоса биле измерени 44.5°C. Во овој град никогаш досега не била измерена температура која што достигнала до 44°C. Стариот рекорд бил поставен на 22 јули 2009 година кога биле измерени 43.1°C.

Температурен рекорд бил поставен и во градот Љеида во внатрешноста на Каталонија каде што биле измерени 43.1°C. Претходниот температурен рекорд изнесувал 41.3°C кој датира од 30 јули 1983 година.

43.1°C биле измерени и во Гранада, во францускиот  Сент Етјен биле измерени неверојатни 41.1°C, а во Шамбери и Екс ле Бен биле измерени 38.8°C.

Денеска Македонија е во жолта фаза, температурата ќе достигне до максимални 40 степени.

Најтопло ќе биде во поширокиот гевгелиски регион, до 40°С. Останатите во поголем дел од земјава очекуваат максимална температура околу 38°С. Само огридско преспанскиот крај, како и повисоките места во источниот регион ќе имаат максимална помеѓу 32°С и 35°С, соопштуваат од метеопро.

Вредноста на УВ индексот денеска ќе биде 9.

Во Скопје ќе биде сончево со највисока дневна температура до 38°С.

Препораките се да се пијат многу течности, да се консумира лесна храна, овошје и зеленчук, да не се излегува од 11 до 17 часот, доколку не е потребно, и да се носи лесна облека.

(Фото: метеопро)

Слично

Поврзани вести