Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: Ќе има ли перспективи за младите, ќе се запре ли иселувањето?

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: Ќе има ли перспективи за младите, ќе се запре ли иселувањето?

Поделени се мислењата дали евроинтеграциите ќе го запрат или ќе го зголемат иселувањето на младите од Македонија.

Бенефити од приближувањето на Македонија кон Европската Унија ќе имаат младите во земјава, така што нивната мобилност, но и можности ќе се зголемат.

„Со забрзани евроинтеграции, на младите ке им се овозможат разни можности со кои би се придонело за подобрување на квалитетот на животот. Под ова подразбирам дека ќе има повеќе можности за мобилност, како за образование така и за работа за младите. Не само што на младите од Македонија ќе им се отвори поголем европски пазар, туку и се очекува зголемување на мобилност и инвестиции од други држави во Македонија. Со процесот на евроинтеграции ќе се намали корупцијата во сите сектори на живеење, ќе се гарантира владеење на правото што ќе е дополнителен стимул и мотивација за младите, но и за сите други граѓани за инвестирање и доверба во државата“ – вели Матеј Маневски, проектен координатор во Центарот за меѓукултурен дијалот од Куманово.

Метин Муареми од Центарот за едукација и развој ЦЕД од Тетово вели дека е оптимист дека за младите ќе биде подобро.

„Ќе има многу поволности. Ние сме оптимисти дека за младите ќе биде подобро, дека ќе се запре иселувањето што е најважно. Ќе има поголеми можности, ќе може да се аплицира за европски фондови. Со размени младите остваруваат контакти со луѓе од други држави, се оспособуваат за аплицирање, тоа многу ќе им помогне“ – рече Муареми.

Со скрининг процесот ќе и се даде шанса на државата да биде понапред кога ќе се отворат пристапните преговори. Преговорите почнуваат и завршуваат со поглавјата 23 и 24 - правосудство, основни права, правда и безбедност­. Година до година и пол се очекува да трае таканаречениот скрининг процес или анализата на усогласеноста на законодавството на земјата кандидат со европските закони. Толку траеше скринингот и за Хрватска и за Црна Гора.

Македонските власти во повеќе наврати соопштија дека со влез во ЕУ и НАТО ќе се запре иселувањето на младите.

Повеќе од една четвртина Македонци ја напуштиле земјава во последниве десетина години. Уште илјадници други се подготвуваат да си одат во потрага по подобар живот. Феноменот на потенцијална емиграција е застрашувачки, алармира Светска Банка.

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести