Еврејската група ја чува МВР во Скопје
Припадниците на еврејската група од Куманово не се заминати од земјата, туку се префрлени во Скопје од страна на МВР заради нивна безбедност.
Синоќа пред куќата, која беше цел на напади откако групата Лев Таор се преселила во истата, бил паркиран автобус за транспорт, објави Телма.
- Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, одговориле од МВР.
Слично
