ЕВН ЌЕ ЈА ИСКЛУЧУВА СТРУЈАТА ВО ТЕТОВО УЛИЦА ПО УЛИЦА: по барањата на пожарникарите
По невремето кое го зафати Тетово, од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека ќе се исклучуваат делови од градот од електрична енергија.
- Од ЕВН инфирмираат дека ќе ја исклучуваат струјата улица по улица и населба по населба - соопштуваат од ЦУК.
Од таму додаваат дека досега имале над 200 пријави на штети.
Има пријави и за штети на возила вклучително и на скршени ветеобрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје - Тетово особено во делот на општина Желино.
Како што информираат од ЦУК, невремето во Тетово започнало во 16.30 часот проследено со силен дожд, грмотевици и силен ветер во траење од околу 40 минути.
- Големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од пеесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.
Екипите на ТППЕ Тетово и јавно комуналните преторијатија се на терен и вршат пунктирање на водата од објектите - соопштија од ЦУК.
Од страна на ТППЕ Тетово преку ЦУК беше побарано исклучување на струјата во цело Тетово.
Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини (оштетени кровови, канделабри, пластифицирани настрешници, возила и др.).
Штетите ќе се проценуваат дополнително.
Веќе објавивме видео од невремето и поплавените улици во Тетово.
Слично
