Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВН ги презеде малите хидроцентрали, истече договорот со чешки Хидропол

ЕВН ги презеде малите хидроцентрали, истече договорот со чешки Хидропол
ЕВН Македонија од денеска го презеде управувањето со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол, соопштија од компанијата. Во текот на овие 11 години ЕВН и Хидропол ги реконструираа, модернизираа и техничко-технолошки ги надградија малите хидроцентрали Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица и Зрновци. Покрај овие седум мали централи, во сопственост на ЕВН Македонија се и ХЕЦ Попова Шапка, ХЕЦ Бабуна, ХЕЦ Белица и ХЕЦ Турија кои исто така се целосно ревитализирани, автоматизирани и технолошки компитабилни. Вкупната инсталирана моќ на сите 11 мали хидроцентрали изнесува 47 MW, што претставува зголемување за 10%, освен кај ХЕЦ Матка каде моќноста е двојно зголемена со изградбата на целосно нова Хидроелектрична централа. Просечното годишно производство изнесува 130 GWh електрична енергија.
Слично

Поврзани вести