Евгенија Трпкоска ќе биде нов член на Надзорниот одбор на ТТК Банка
Ќе има нов член во Надзорниот одбор на ТТК Банка.
„Врз основа на член 33 од Правилата за котација на Македонската берза на хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје известува дека со Решение на Гувернерот на Народната банка на Република Северна Македонија од 31.8.2023 година е издадена претходна согласност за именување на Евгенија Трпкоска за член на Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје, во согласност со Одлуката за именување член на Надзорниот одбор донесена од страна на Собранието на акционери на Банката“, се вели во ценовно чувствителната информација која оваа банка ја испрати до Берзата.
Слично
