Еве зошто за Јанева беше одобрен куќен притвор
Апелација ја објави одлуката за притворот на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.
Судскиот совет кој ја донел одлуката, сметал дека нејзината жалба на мерката притвор треба да ја уважи затоа што Јанева е самохрана мајка на која и е потребна редовна медицинска терапија и е невработена.
Мерката притвор е заменета со куќен притвор, и се забранува комуникација со лица опфатени во кривичното дело, а и се забранува и употреба на телефони и останати средства за комуникација.
„Се определува надзорот над куќниот притвор да го спроведува МВР при што овластените службени лица од подрачната полициска станица во одредени временски интервали, ненајавено во текот на 24 часа, ќе го проверуваат присуството на обвинетата во нејзиниот дом, а за секое непочитување на решението од страна на обвинетата надлежната полициска станица е задолжена веднаш да го извести Основниот кривичен суд Скопје,“ се вели во решението.
Јанева сега е без пасош, и е забрането да се издаде нов.
Фактот дека таа замина во домашен притвор предизвика реакции кај партиите.
