Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ЗОШТО МТСП ОДЗЕМА ГРАДИНКА ОД НАДЛЕЖНОСТ НА ГАЗИ БАБА: Спорно било разрешувањето на директорката, Стефковски вели дека тоа е скандалозно

ЕВЕ ЗОШТО МТСП ОДЗЕМА ГРАДИНКА ОД НАДЛЕЖНОСТ НА ГАЗИ БАБА: Спорно било разрешувањето на директорката, Стефковски вели дека тоа е скандалозно

Одземените надлежности на градоначалникот се резултат на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД  „Детска радост“–Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот Бобан Стефковски, при водење постапка за разрешување на директор, биле причините поради кои Министерството за труд и социјална политика ги одземале надлежностите за градинката „Детска Радост“ на општина Гази Баба.

За градоначалникот Стефековски, ова е скандалозно.

„ Скандалозно и несериозно е тоа што Министерството за труд и социјална политика, преку соопштение до медиумите не извести дека ни ги одзема надлежностите за детската градинка Детска радост во Автокоманда.Ваквата постапка е уште еден јасен доказ дека Министерството за труд и социјална политика води политички, а не законски постапки.До овој момент во општина Гази Баба не е пристигнат документ со кој ни се одземаат надлежностите, а Министерството во соопштение до јавноста во петтиот пасус вели: “Одземените надлежности на градоначалникот се резултат на прекршување на законот од страна на управниот одбор на ЈОУГД Детска радост – Гази Баба и на прекршување на законот од страна на градоначалникот Бобан Стефковски, при водење на постапка за разрешување на директор”.Самото водење на постапката со сила, говори за политичките притисоци кои изминатите две недели ги имаат вработените во Министерството за труд и социјална политика. А факт дека ова што го говорам е вистина е укажувањето кое го испрати Министерството до општина Гази Баба на кое инспекторката која ја водеше целата постапка не е потпишана, туку на истото стои само нејзиното име и презиме, што не е својствено за водењето на постапки од ваков тип.Откако не им успеа притисокот кој го правеа врз мене за да ја поништам одлуката за разрешување и да ја вратам на работа разрешената директорка, тргнаа низ насилна постапка да ги одземаат надлежностите.Компромис со незаконското работење нема да правам, а на Министерката Јованка Тренчевска и порачувам дека за сите незаконски постапки и донесени решенија ќе има ревизија, а потоа и одговорност пред надлежните органи во Република Македонија!Се надевам дека Министерството за труд и социјала политика ќе се приклучи на постапките кои општина Гази Баба ги иницираше до Основното јавно обвинителство и Државната комисија за спречување на корупција за утврдените прекршувања на Законот со извршената ревизија.Министерството за труд и социјална политика апелира, градоначалникот Бобан Стефковски да прекине да шири лажни вести и дезинформации и при тоа да создава конфузија и немир помеѓу родителите на децата кои се згрижени во ЈОУГД  „Детска радост“, а сето тоа за ситни политички поени по што и е препознатлив “ истакна градоначалникот на Фејсбук.

Од МТСП велат градоначалникот Бобан Стефковски да прекине да шири лажни вести и дезинформации и при тоа да создава конфузија и немир помеѓу родителите на децата кои се згрижени во ЈОУГД  „Детска радост“, а сето тоа за ситни политички поени по што и е препознатлив.

Слично

Поврзани вести