Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ЗОШТО МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ ЗЕМА ИСТА ПЛАТА КАКО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОВСКИ - Владата ги објави, погледнете ги сумите

ЕВЕ ЗОШТО МИНИСТЕРОТ ТОШКОВСКИ ЗЕМА ИСТА ПЛАТА КАКО ПРЕМИЕРОТ МИЦКОВСКИ - Владата ги објави, погледнете ги сумите

Владата на својата официјална веб - страница во делот „отчетност“ ги објави платите на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и на министрите.

Највисока нето плата зема претседателот на Владата Христијан Мицкоски, односно 140.450 денари, или 2.284 евра, а сите останати министри во неговиот кабинет земаат плата во износ од 115.540 денари или 1.879 евра. 

Исклучок е министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој зема дополнителни 24.865 денари или 404 евра, односно вкупно 140.405 денари или 2.283 евра, многу слично како премиерот Мицкоски или речиси идентично, или најпрецизно, тој му бега само за едно евро. На министерот за внатрешни работи во Влада на Република Северна Македонија, како што стои на веб страницата, му се утврдува зголемување за 20 отсто на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година.

-Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата. Висината на платата на министрите е јавен податок, стои во објавата на владината веб - страница. 

Слично

Поврзани вести