ЕВЕ ЗОШТО ФРАНЦИЈА Е НА СТРАНА НА БУГАРИЈА: Најчевска со свое објаснување
Професорката Мирјана Најчевска посвети статус на тоа зошто Франција толку и помага на Бугарија во однос на проблемите со Македонија.
„Негативното влијание на Франција врз земјите кандидати за ЕУ не е од вчера и не е само кон нас.
Во 1961 Британија аплицираше за членство во Европската економска заендица. На ова стави вето францускиот претседател Чарлс де Гол (по нашки Шарл), кој беше загрижен дека британското членство ќе го ослаби францускиот глас во Европа. Тој исто така се плашел дека блиските Англо-Американски односи ќе водат кон зголемено влијание на САД во Европа. Чарлс де Гол исто така ставил вето на втората апликација на Британија во 1969 година.
Поддршката која Франција и ја дава на Бугарија можам да ја разберам само како искористување на Бугарија за остварување на француските намери и желби.“ напиша професорката.
Слично
