Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЕВЕ ВО КАКВИ УСЛОВИ ЖИВЕАТ ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ИДРИЗОВО: Лога им беше гостин, вели дека итно треба амнестија,условите биле супстандардни

ЕВЕ ВО КАКВИ УСЛОВИ ЖИВЕАТ ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ВО ИДРИЗОВО: Лога им беше гостин, вели дека итно треба амнестија,условите биле супстандардни

Министерот за правда Кренар Лога заедно со претседателот на Анкетната комисија за заштита на човековите слободи и права, Халил Снопче, членот на комисијата Драгица Ѓавочанова , дирекоторот на УИС Јовица Стојановиќ, директорот на КПУ ,,Идризово” Зоран Јовановски и заменик директорот Феми Јонузи, извршија увид и одблиску се запознаа со состојбата, условите во затворот , разговараа директно со затворениците и  беа информирани за проблемите со кои се соочуваат.

Мизерни, катастрофални и супстандардни услови за издржување на затворските казни, пренатрупаност , затвореници спијат на под, нема соодветна здравствена заштита, нема соодветни санитарии, искршени кревети, мувлосани ѕидови.

Овие услови докажуваат зошто ни е потребен итно Закон за амнестија, со кој барем минимално ќе се растеретат капацитетите.

Се работи за луѓе. И покрај извршените дела  тие се луѓе и заслужуваат достоинство. Наместо ресоцијализација и враќање во нормален живот, со ваков третман состојбата на  овие лица може да се влоши уште повеќе.

Апелираме оваа состојба да не се злоупотреби за политички цели а пратениците да покажат хуманост и да дадат поддршка на Законот за амнестија напиша тој на Фејсбук.


Слично

Поврзани вести