„Еве ви чисти нормативно-правни аргументи за поништување на Законот за јазици“: Апасиев со порака до уставните судии
На темата двојазичност се огласи и првиот човек на опозициската партија „Левица“, Димитар Апасиев кој истакнува дека со укинување на Законот за јазиците ќе се стави крај на „шверцерсакта тиранија“.
- АПЕЛ ДО УСТАВНИТЕ СУДИИ: Еве ви чисти нормативно-правни аргументи за поништување на т.н. „Закон за јазици“ и ставање крај на шверцерската тиранија на малцинството!
p.s. „Оти, каква корист имаме ние од СУДИИТЕ ако тие можат да бидат принудени да се сложат со незаконските барања на власта, која е парализирана од класна привилегираност и нема сили да ја скрши ‘кората од обичаи’, со цел да го модернизира и оплемени правниот систем“!? (проф. Ван Кенеген) - напиша Апасиев на неговиот Фејсбук профил.
Слично
