ЕВЕ УШТЕ КОЛКУ СПОЕНИ ВИКЕНДИ НИ ПРЕОСТАНУВААТ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Два празници ќе направат мини одмор
Според Законот за празниците во Македонија, ни преостануваат уште два споени викенди до крајот на годината.
Празникот 11 Октомври се паѓа во петок, а 8 Декември, кога се празнува Св Климент Охридски, се паѓа во недела, па празнувањето, односно неработниот ден се преместува за во понеделник, со што повторно за граѓаните ќе има споен викенд.
Инаку до крајот на годината ќе го празнуваме и 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Вкупно три празници ни остануваат од оваа година.
Слично
