Еве со какво време ќе го стартуваме месец мај
Во Македонија денеска времето ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло време со дополнителен пораст на дневните температури.
Попладне во крајните западни и северозападни како и во крајните североисточни предели ќе биде умерено облачно и нестабилно време со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури ќе бидат од 5 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 30 степени. УВ индекост ќе има вредност 6.
Утре се очекува претежно сончево време со локална облачност и топло време. Попладне во северозападните и крајните западни предели ќе имаме нестабилно време со локални врнежи. Утринските температури ќе се движат од 6 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 20 до 31 степени. Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и топло, a попладне и навечер ќе следи нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици. Минималните температури ќе бидат од 7 до 14 степени, а максималните од 20 до 31 степен. Во петок се очекува претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне времето ќе биде нестабилно со локална врнежи од дожд, а во југозападните и дел од западните делови ќе продолжи претежно сончево време со локална облачност. Дневните температури ќе бидат од 17 до 28 степени. За сабота се најавува стабилизација на времето. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време, но со пад на температурите, утринските од 4 до 11 степени, додека пак дневните од 14 до 25 степени.
