ЕВЕ ШТО ВСУШНОСТ ГОРЕШЕ ВО ТЕТОВО: А и среќа што заврна, па дождот ги намали ПМ честичките
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, излезе со нови информации околу пожарот во фабриката во Тетово.
„ Во повторен разговор со сопственикот на магацинот добивме имформација дека се опожарени 14 тони бои, лакови и други хемиски ореоарати а не 100 како што не известија вчера. Поголем дел од магацинот бил железарија а мал дел за бои, лакови и деуги хемиски препарати. Од вчера до денес врне слаб дожд а во текот на ноќта дувал и слаб северен ветер кои помогнале ПМ честиците во воздухот да дојдат во нормални граници поради што нема потреба од мерки за заштита од дополнително загадување. Во текот на денот ќе бидат земени примероци од почвата и водата заради дополнително испитување“, информираше Ангелов.
Слично
