ЕВЕ ШТО ОСТАВИ КАТАКЛИЗМИЧНОТО НЕВРЕМЕ ЗАД СЕБЕ: Потоп во неколку градови, одрони, поплавени куќи...
Вонредна информација од ЦУК, во врска со невремето што ја зафати територијата на Македонија до вчера 22:00 часот.
Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека околу 19:30 часот Тетовскиот регион го зафати силно невреме пропратено со силен дожд и ветер. Имаше повеќе дојави за поплавени подруми на куќи во градот, а имаше и поголема поплава во селата Непроштено и Теарце каде што од силниот дожд имаше наноси од кал и песок по улиците. За оваа ситуација известени се ЈКП-Тетово, ТППЕ-Тетово, лицето за контакт од Општина Тетово и Општина Теарце и Раководител на РЦУК Тетово. Најголеми штети се предизвикани во селата Теарце и Непроштено каде што имаше поголем доток на вода од планината. Имаше наноси од кал и песок. Во Теарце на терен се ТППЕ Тетово со 2ПП возила и 4 пожарникари и еден приватен багер кој чисти од наносите по улиците. Од општината се организираат и ќе излезат на терен. На терен се припадници на ДЗС и ЦУК. Еден багер има и во селото Непроштено што рсчистува кај Непроштенска Река каде што има, исто така, наноси од кал и од песок и има поплавено и подруми во неколку куќи. Низ градот Тетово од страна на ТППЕ Тетово со 2 ПП возила работаат на отстранување санирање на состојбата каде има потреба.
Во моментов има дојава поплава и во село Требош (Општина Желино). Преку лицето за соработка од општината за настанатата состојба известени се ЈКП Тетово за настанатата сотојба во селото Требош.
Во моментов дождот е престанат и состојбата полека се нормализира. Ситуацијата и понатаму се следи.
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека како резултат на невремето кое ја зафати територијата на општина Битола предизвикани се следните штети по пријави за: - одрон на дел од пат Битола спрема Скопје . Локација на обиколницата после тунелот на улица „Довлеџик“, 162, - поплавени подрумски простории. Улица Сремска Митровица, Битола - Пријава до ОЦ СВР Битола и Пожарна Битола за ударна гром куќа и оштетување на цела инсталациа на улица „Караорман“, - поплавен долниот спрат на улица „Дебарска“, 77 - поплавена куќа на улица „Дебарска“, 107 - поплавена куќа на ул. „Ѓорче Петров“ бр.39 - поплавен автомобил - поплавена куќа и оштетена цела бела техника на улица „Довлеџик“ - оштетен на телевизор од гром на улица „Трајче Стефановски“ бр.38, - поплавена визба на улица „Видан Јанакиевски“, 1А, - пријава за голема количина земја со водата што тече по патот за Ниже Поле, близу фармата Кај Др.Васко Василевски. - поплавени подрумски простории на улица „Козара“ бр. 8 - поплавени подрумски простории на улица „Влатко Миленкоски“ број 125 - запушена канализација во двор и преку истата водата истекува, се враќа во куќата на улица „Димитар Влахов“ број 81. Од ТППЕ Битола известуваат дека во моментот на терен се ангажирани 3 ПП возила, 4 пумпи за испумпување на вода и 6 пожарникари. Во 18.00 часот во просториите на Општина Битола на барање на градоначалникот се одржа општински кризен штаб при што се донесоа заклучоци за брза интервенција во поплавените делови од градот. Ангажирани се екипи на ТППЕ Битола како и екипи од ЈП „Нискоградба“, ЈП „Водовот“ и ЈП „Комуналец“.
Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека вчера околу 15:30 часот, Општина Струмица беше зафатена со многу силни, поројни врнежи од дожд кои траеја околу 1 час и според УХМР наврнале 64 л/м².
Од врнежите поплавени беа улиците во долниот дел од градот и тоа: „Браќа Минкови“, „Ѓорги Василев“, „Иљо Шопов“, „Младинска“, „Климент Охридски“ и „Ката Поцкова“. Има повеќе од 60 пријави од граѓани до ТППЕ Струмица и на Единствениот број за итни случи 112.
Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека Југозападниот регион на Македонија којшто го покрива Регионалниот ЦУК Охрид ( Охрид, Струга, Дебар, Кичево и М.Брод), не е зафатен од невреме и нема предизвикано штети. Локално има појава на дожд со слаб интензитет и грмотевици, но до овој момент нема никакви пријави.
Регионалниот ЦУК Штип, известува дека вчера во периодот од 14:00 до 14:30 часот градот Штип го зафати пороен дожд проследен со силен ветер и грмотевици. Ваквата појава предизвика поплави на неколку места и објекти во градот кои се наоѓале во непосредна близина на коритото во долниот тек на река Отиња (на потегот од црква „Свети Никола“ до Ново Село). Кај истите од страна на ТППЕ Штип со 3 ПП возила, 8 пожарникари и специјална опрема е извршено испумпување на водата. Исто така, како последица од поројниот дожд на неколку локации во градот имаше појава на наноси од земја, камења и песок. Од страна на екипи на ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион“ се изврши нивно отстранување. Досега немаме добиено информации за предизвикани сериозни штети од невремето што го зафати Штип. Во моментов на територијата што ја покрива Регионалниот ЦУК Штип е релативно мирно и нема појава на невреме.
Регионалниот ЦУК Велес, известува дека регионот што гопокрива РЦУК Велес не е зафатено со невреме и нема предизвикано штета, освен во Општина Лозово каде што една коловозна лента на ул. „Маршал Тито“ е покриена со песок.
